Вести

ЈЗУ Клиничка Болница Битола се вклучува во одбележувањето на месец Октомври како месец посветен на подигање на свеста за ракот на дојка.

ЈЗУ Клиничка Болница Битола се вклучува во одбележувањето на месец Октомври како месец посветен на подигање на свеста за ракот на дојка. Заедно со КРОМБЕРГ И ШУБЕРТ  МАКЕДОНИЈА  ДООЕЛ  Битола  ја отпочнуваме првата кампања  под мотото:"Надеж,храброст и сила-заедно спасуваме живот,а целта ни е да ја покренеме свеста во нашиот град кај секоја жена за оваа болест која ако навреме се детектира и правилно се третира  можи да спаси живот. Ние нема да застанеме тука ,ова е само почеток кампањата планираме да биде активна преку цела година се со цел  женската популација да ја активирамe  целосно и да делуваме превентивно.Затоа менаџерскиот тим при Клиничка Болница Битола на чело со директорот Др.Зоран Лазаров  оформи мед.тим предводен од Др.Алрксандар Димовски  Ренгенолог  кој ќе биде активен низ цела година со голем број скрининзи низ нашиот град се со една цел ПРЕВЕНТИВАТА на прво место.Првиот бесплатен скрининг ЕHO на дојка започнува во просториите на КРОМБЕРГ И ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ БИТОЛА ,каде сите вработени од оваа реномирана фирма можат да се јаваат  на преглед каде наша екипа има таму  секој ден .Се надеваме дека со оваа кампања позитивно ќе влијаеме  и врз  промената на размислување кај жените во нашиот град  и пошироко за преглед на мамографија и EHO на дојка  бидејќи во оваа фабрика има жени вработено не само од Битола туку  и од нашите соседни градови Ресен,Прилеп,Демир Хисар.Голем број на студии покажаа дека раното откривање на ракот на дојка помага во процесот на доброто лекување,затоа голема благодарност до Раководството на КРОМБЕРГ И ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ БИТОЛА за прифаќање на нашата иницијатива заедно да се вклучиме во месецот Октомври како месец посветен на ракот на дојка и сакам да појаснам   дека од страна на менаџерскиот тим при ЈЗУ Клиничка Болница Битола  поканата еве јавно е упатена до сите  да се вклучат во ваквите скрининзи и активности  се со една цел ПРЕВЕНТИВА за ракот на дојка кај нашите жени,да го следат примерот на оваа Организација бидејќи ЗАЕДНО МОЖЕМЕ  ДА НАПРАВИМЕ ПРОМЕНА.

Сподели:

Клучни зборови: Октомври, Свест за рак на дојка, Кклиничка болница Битола