Донации

Денес во ЈЗУ Клиничка Болница Битола донираа нашите стари пријатели Ротари Клубот БИТОЛА. Го посетија одделението за ментално здравје каде донираа апарат набавен за прв пат во нашата држава кој многу ќе помогне во лекувањето  на млади лица со попреченост во развој.

Денес во ЈЗУ Клиничка Болница Битола донираа нашите стари пријатели Ротари Клубот 'БИТОЛА". Го посетија одделението за ментално здравје каде донираа апарат набавен за прв пат во нашата држава кој многу ќе помогне во лекувањето  на млади лица со попреченост во развој. Се работи за апарат ЕЕГ ДОГИТРАК НЕУРО  ФИТБЕК  произведен во Полска. Со овај третман се надеваме дека ќе се осовремени третманот на децата со атипичен и типичен развој истакна претседателот на Ротари Клубот  Господинот Васко Талевски. Со отпочнување со работа на овај апарат се воведува и нова метода  за подобри перфоманси кај нашите пациенти. Голема благодарност до Ротари Клубот за соработката.

Сподели:

Клучни зборови: Донација, Ротари клуб Битола