Голема благодарност до компанијата Кромберт & Шуберт, кои уште еднаш покажаа голема хуманост како општествено одговорна компанија спрема ЈЗУ Клиничка Болница Битола, но и пред граѓаните на Општина Битола и донираа во ЈЗУ Клиничка болница Битола. Со цел поефикасно и поефективно работење на нашиот медицинскиот персонал,обезбедија дополнителни медицински ресурси за успешно справување со Корона вирус и истите ги донира на Клиничка Болница Битола. Донирана е медицинска опрема и материјали и тоа :
- Заштитни комбинезони за повеќекратна употреба на еден корисник-100 парчиња
-Заштитни маски со FFP filter за повеќекратна употреба до еден корисник-100 парчиња
-Заштитни наочари за странична заштита за повеќекратна заштита на еден корисник-50 парчиња
-Средство за дезинфекција на површини(високо концентрирано) - 15 литри(за раствор од 1500 литри. Директорката на ЈЗУ Клиничка Болница Битола Др. Билјана Гагачевска од името на вработените како и од името на граѓаните упатува голема благодарност до големата компанија Кромбер & Шуберт и посакува уште поголема соработка и се надева со заеднички сили на сите нас дека ќе излеземе победници против Корона Вирусот и неговите штетни последици.