
Клиничка болница Битола, како имплементатор на проектот COMETECH од IPA CBC 2014-2020 Greece - The FYR of Macedonia, бара заинтересирани 2 лица кои би работеле на проектот како технички персонал за идентификација на спецификација на единици за електронско здравје и поддршка на софтверска апликација во делот на телемедицина, во периодот од 01.02.2021 до 30.09.2021. Пожелно е кандидатите да имаат искуство на работа со проекти, познавање на англиски јазик и образование и искуство во областа на информатиката . При пријавувањето кандидатите да достават CV.