На 21-ви ноември, Амбасадорот на Јапонија, Н.Е. Савада Хиронори, присуствуваше на церемонијата за комплетирање на GGP-проект во Јавната Здравствена Установа (ЈЗУ) Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола. Церемонијата беше организирана од страна на Градоначалникот на Општина Битола, д-р Тони Коњановски, и Директорот на ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола, д-р Александар Обедниковски, во знак на благодарност за донацијата.
Со овој проект, Јапонија овозможи ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола да добие нов „Canon“ ехо апарат на Одделот за педијатрија, во вкупен износ од 52,779 евра.
„Ова е прв ваков апарат на педијатриското одделение во последните 25 години и претставува огромна придобивка за јавното здравство во Битола и пошироко во југозападниот регион на земјата.” Вели д-р Обедниковски.
„Децата повеќе нема да чекаат долго за преглед и дијагноза и ќе се намали потребата да бараат помош во далечните клиники што создаваше дополнителен трошок за нивните семејства.” Вели Амбасадорот Савада.
Во текот на посетата, Амбасадорот Савада имаше кратка средба со Градоначалникот на Општина Битола, д-р Тони Коњановски, и Директорот на ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола, д-р Александар Обедниковски. За време на средбата тие разговараа за можностите за идна соработка.
Преку GGP, досега, Јапонија финансираше над 60 проекти во здравствениот сектор во вкупна вредност од повеќе од 3 милиони евра конкретно во медицинска опрема, реновирање на клиники и возила за брза помош. Дополнително, Јапонија во последните две години ги опремува јавните здравствени установи со медицинска опрема во вредност од 813.000 евра како итна помош за COVID-19, дел од Програмата за економски и социјален развој и дополнителна нефинансиска помош понудена во лекови за 100 пациенти со КОВИД-19.
Преку проектите од програмата за мали грантови (GGP), Јапонија има финансирано реновирање и набавка на опрема за повеќе од 73 училишта и градинки, 64 здравствени установи и обезбеди 34 специјализирано возило за управување со отпад и комунални услуги за 51 општинa.