
Во ЈЗУ Клиничка болница Битола постојат комисии за полагање на стручни испити за здравствени работници со завршено ССС, ВСШ и ВСС, согласно правилникот за приправнички стаж и стручни испити на здравствен работник со средно, вишо и високо образование.
Комисиите се за ообразовен профил како следно:
- 1. Медицинска сестра / Виша медицинска сестра / Дипломирана медицинска сестра
- 2. Гинеколошко- акушерска сестра / Дипломирана акушерка
- 3. Фармацевтски техничар
- 4. Физиотерапевтски техничар / Виш физиотерапевски техничар / Дипломиран физиотерапевт
- 5. Виш рентген техничар / Дипломиран технолог
Потребна документација за полагање на стручен испит:
- - Пополнета книшка за приправнички стаж
- - Копија на диплома заверена на нотар за соодветно образование
- - Уплата во банка / пошта со назнака “за полагање на државен испит”
- - Молба за полагање на стручен испит (образец кој може да го симнете на линкот или да го подигнете во Архивата на ЈЗУ Клиничка болница Битола, се пополнува и се доставува во Архива заедно со претходно наведените документи)