Вести

За потребите на Оделението за анестезија, реанимација и интензивно лекување ЈЗУ Клиничка болница Битола и заложбата на директорката Др.Елизабета Ивановска, со цел на опремување на истото одделение со најсовремена апаратура која е повеќе од неопходна во оперативен блок и единицата за интензивно лекување, е набавен со сопствени средства нов најсовремен анестезиолошки апарат и додатна опрема која ќе се користи во истото одделение.

За потребите на Оделението за анестезија, реанимација и интензивно лекување ЈЗУ Клиничка болница Битола и заложбата на директорката Др.Елизабета Ивановска, со цел на опремување на истото одделение со најсовремена апаратура која е повеќе од неопходна во оперативен блок и единицата за интензивно лекување, е набавен со сопствени средства нов најсовремен анестезиолошки апарат и додатна опрема која ќе се користи во истото одделение.

ATLAN А350 -  high -tech  апаратура за анестезиологија според најсовремени светски медицински стандарди

                   
Анестезиолошкиот апарат  ATLAN А350 претставува најсовремена high -tech  апаратура и идеална работна единица за анестезија за сите пациенти и кај сите хируршки процедури, погоден за операции од кој било профил поради широкиот опсег на можности за следење на пациентот.Апаратот е лесен и практичен за ракување со стандардизиран кориснички интерфејс и номенклатура која е  имплементирана низ операционите сали и единиците за интензивно лекување во современата медицина. Дизајнот на платформата обезбедува максимална флексибилност за повеќе просторни распореди.           
Погоден е за работа со пациенти од која било возраст и состојба: од предвремено родени новороденчиња (плимниот волумен од 5 ml во режими на принудна вентилација), до возрасни пациенти со зголемен индекс на телесна маса.
Опремен е со продуктивен вентилатор на стручно ниво со електричен погон од типот на клип, кој ја има докажано својата извонредна сигурност, точност и ефикасност.
Безбедност на пациентот е нашата најголема грижа
ATLAN А350 нуди широк спектар на функционалности кои помагаат да се направи процесот на анестезија побезбеден за пациентите како и за клиничкиот персонал. Адаптивниот интерфејс на мониторот  во комбинација со мониторингот обезбедуваат брзо и лесно толкување на параметрите на пациентот токму онака како што е потребно.         
Истиот помага при:

  • Заштита на белите дробови - Пристапите за периоперативна вентилација за заштита на белите дробови е докажанo дека го намалуваат ризикот за постоперативни белодробни компликации. Atlan нуди бројни функции за поддршка на анестезиологот за заштита на белите дробови на пациентот за време на операцијата.
  • Превенција од инфекции - Atlan е дизајниран така да може лесно да се дојде до расклопување на системот за дишење без алат, направен е материјал - (мазни и заоблени површини) кој ги издржува стандардните процедури за чистење и не дозволува нагризување на самите површини 
  • Поврзувачка технологија - Континуираното, мрежно следење со Dräger Infinity Acute Care System (IACS) овозможува непрекинат надзор на пациентот со прилагоден, добро организиран преглед на релевантните параметри.  Неговата интегрирана технологија обезбедува напредни безбедносни карактеристики како аларм на погрешно поврзани црева за дишење и врши контрола на неусогласеност, како и алармира по истекување на критичните додатоци, како што се канистри со сода вар и филтери со вода.

Додатно преку донација од фирмата Винора за потребите на одделенето за Анестезија, ранимација и интензивно лекување набавени се  Сет ларингоскоп со 3 шпатули за адултна интубација

и Портабл аспиратор ATMOS LC27 - уред за бронхијално вшмукување со многу придобивки. Овој аспиратор помага безбедно и лесно да се изврши потребата од витално значење на бронхијално вшмукување, истиот е  интуитивен и безбеден и е лесен за употреба, ги има токму оние команди кои што се најнеопходни при бронхијално вшмукување.

Клиничката болница „Др.Трифун Пановски “ – Битола, континиурано вложува во обезбедување на нови и современи медицински технологии. Сите оддели во болницата ги опремуваме со високо софистицирана медицинска опрема која е последен збор на технологијата во медицината и е во чекор со најсовремените светски стандарди. Новите апарати и достигнувања се уште еден чекор во достигнувањето на највисоки резултати при лекувањето на нашите пациенти. Тоа е голем предизвик на кој сме сконцентрирани  континуирано да делуваме.

Здравјето на нашите граѓани е основа за здраво општество - Др. Елизабета Ивановска, Директор на ЈЗУ Клиничка болница Битола.

 

Сподели:

Клучни зборови: Сарил, Нова опрема, Клиничка болница Битола