Донации

Ракометниот клуб “Еурофарм Работник” уште еднаш на дело ја покажа својата хуманост, откако управата на клубот одлучи да се донираат средствата добиени од влезниците на натпреварот против Пелистер во рамки на ракометната Суперлига.

„Управниот одбор на последната седница донесе одлука парите кои беа собрани од продажбата на влезниците за натпреварот Еурофарм Работник – Пелистер, во висина од 80.000 да се донираат на детското одделение при Клиничката болница во Битола“, изјави спортскиот директор Бојан Стефановски.

Од клубот информираа дека донацијата е доставена до менаџерскиот тим на Клиничката болница Битола предводен од директорот д-р Зоран Лазаров, при што било одлучено парите да бидат доделени на детското одделение во болницата.

Сподели:

Клучни зборови: донација, спортисти, детско, одделение, клиничка, болница, битола, еурофарм, работник