
ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПАЦИЕНТИТЕ СО МАЛИГНИ ЗАБОЛУВАЊА!
Нема повеќе долги и мачни патувања до Скопје!
Утре на Онколошкото одделение во Клиничка болница - Битола ќе прегледува доц. др. Ленче Костадинова, раководител на одделот за карциноми на глава и врат при Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија – Скопје.
Ординирањето на лекари од Скопје ќе се одвива еднаш неделно, засега секој петок – информира др. Ненси Лозанче, директорка на Клиничка болница - Битола.
Овој значаен чекор значи подостапна и поблиска здравствена грижа за пациентите од регионот.
Изјавата можете да ја проследите во видеото:
https://www.facebook.com/share/v/1FaLKgjGAP/