Сервисни информации

Ткивен процесор 2000  пристигна во клиничка болница битола набавен со сопствени средства на одделот патологија. Ткивен процесор или апарат за автоматска обработка  на ткивата (автотехникон). Апарат со кој автоматски се обработува ткивен материјал со кој се скратува времето на обработка, се намалува  потрошувачката на хемикалии кои се користат при истата и се добиваат квалитетни ткивни исечоци од кои се изработуваат препаратите за микроскопска дијагноза.

Ткивен процесор 2000  пристигна во клиничка болница битола набавен со сопствени средства на одделот патологија. Ткивен процесор или апарат за автоматска обработка  на ткивата (автотехникон). Апарат со кој автоматски се обработува ткивен материјал со кој се скратува времето на обработка, се намалува  потрошувачката на хемикалии кои се користат при истата и се добиваат квалитетни ткивни исечоци од кои се изработуваат препаратите за микроскопска дијагноза. Со вакви испитувања нашата клиника го опфаќа цел југозападен регион и ова е голема придобивка и помош за нашите пациенти бидејки овој апарат е со поголем капацитет од претходниот (120 исечоци), апарат од понова генерација и има можност за повеќе програми за обработка во зависност од материјалот кој се обработува и потребните дијагностички процедури. Стандарната процедура при обработката е 20 часа а најкратката за обработка на ситен ткивен материјал (кор-биопсии, ендоскопски биоптичен материјал, панч биопсии) трае само 3 часа. Со ова се скратува времето на чекање на краен резултат особено важно кај туморската патологија од кој резултат зависат понатамошните постапки за лекување на даденото заболување.

Сподели:

Клучни зборови: Ткивен процесор, Оддел за патологија, Автоматска обработка на ткивен материјал, Микроскопска дијагноза.