Вести

Платите на здравствените работници се зголемуваат за 5% со потпишување спогодба помеѓу Министерство за здравство и синдикатот за здравство.

Платите на здравствените работници се зголемуваат за 5% со потпишување спогодба помеѓу Министерство за здравство и синдикатот за здравство, во присуство на премиерот Зоран Заев. Еден од првите приоритети на Влада на Република Македонија е да се мотивираат здравствените работници и да обезбеди квалитетно здравство за сите граѓани.

Од следниот месец, средно медицинскиот кадар ќе добива дополнителни 1,500 денари, докторите специјалисти на универзитетските интерни клиники на сметка ќе добиваат плус 3,756 денари, лекарите специјалисти во општите болници 4,060 денари, а на докторите специјалисти на универзитетските клиники за хируршки болести почнувајќи од септемвриската, платата ќе им биде повисока за 4,548 денари.

Кога на оваа сума ќе се додаде зголемувањето на надоместокот за прекувремена работа, дежурство и ноќен труд, сигурен сум дека тоа во значителна мера ќе ја подобри положбата на сите работници во здравствениот систем.

Со потпишувањето на Спогодбата ќе се овозможи  зголемувањето на платите на сите вработени во здравството за 5%, односно зголемување на основицата за пресметување на плата за вработените во ЈЗУ од 12,654 денари на 13,286 денари.

Сподели:

Клучни зборови: плати, здравство, зголемување