Вести

Клиничката болница Битола започна со реализација на проектот HEALTH -INFO добиен од програмата IPA CBC programming Greece- The FYR of Macedonia 2014-2020, програма за меѓу гранична соработка со Република Грција финансиран од ЕУ. На овај состанок во Солун присуствуваа директорот на Клиничка Болница Битола Др.Зоран Лазаров заедно со стручниот директор Др.Александар Димовски каде беа договорени проектните активности.

Клиничката болница Битола започна со реализација на проектот HEALTH -INFO добиен од програмата IPA CBC programming Greece- The FYR of Macedonia 2014-2020, програма за меѓу гранична соработка со Република Грција финансиран од ЕУ. На овај состанок во Солун присуствуваа директорот на Клиничка Болница Битола Др.Зоран Лазаров заедно со стручниот директор Др.Александар Димовски каде беа договорени проектните активности. Клиничка Болница Битола преку овај проект ќе набави Дигитален Мамограф во вредност од 120.000 евра дијагностичка опрема која подолго време е дефицитарна во болницата.Дигиталниот Мамограф очекуваме да пристигне во првата половина на 2019год. Во склоп на програмата ќе се реализира скрининг на одредени целни групи на пациентки за превенција од карцином на дојка и карцином на матка. Планираме да бидат одржани и едукативни семинари како за општата популација така и за локалните доктори во врска со потребите и бенефитите од ваквиот скрининг.

Сподели:

Клучни зборови: IPA-CBC Програма за прекугранична соработка, Проектот HEALTH -INFO, Набавка на дијагностичка опрема