Вести

Паркингот во Клиничка Болница Битола започна со работа - наплата раководена конечно од страна на клиниката. Сакаме да ги информираме нашите пациенти корисници на истиот дека првите 15 минути се бесплатни, 2 часа - 30 денари и секој нареден час се наплатува + 30 денари.

Паркингот во Клиничка Болница Битола започна со работа - наплата раководена конечно од страна на клиниката. Сакаме да ги информираме нашите пациенти корисници на истиот дека првите 15 минути се бесплатни, 2 часа - 30 денари и секој нареден час се наплатува + 30 денари. За секоја загубена паркинг картица се наплатува 500 денари. Во недела влезот е слободен. Во тек е тендер за набавка на автоматска централа за  самонаплата со што паркингот ќе работи 24 часа. Сакаме уште да напоменеме дека во тек е уредување на клиничкиот двор и за многу брзо време ќе се започне  со поставување  на бекатон плочки  а дел ќе се асфалтира така ќе добиеме паркинг и клинички двор како што прилега на битолската клиника.

Сподели:

Клучни зборови: Клиничка болница Битола, Паркинг