Вести

Денес, од одделението за градни болести и заразно одделение, започна асфалтирањето на уличките низ дворот во Клиничката болница “Д-р Трифун Пановски“ во Битола.

Утрово од одделението за градни болести и заразно одделение, започна асфалтирањето на уличките низ дворот во Клиничката болница “Д-р Трифун Пановски“ во Битола, реконструкција која се чекаше повеќе години, а како рекоа од менаџерскиот тим на Болницата, било нивна желба и ветување.

Директорот на Книничката болница, д-р Зоран Лазаров, денес по започнувањето на комплетната реконтрукција на уличките низ кругот на болницата рече:

-По многу напори менаџерскиот тим на Клиничка болница започна санацијата на дворот на болницата, а според планот дел од уличките по кои се движат возилата дел ќе бидат асфалтирани, а дел ќе бидат поплочени со бехатон плочки. Делот кој ќе биде со асфалт ќе биде со наши средства, односно со парите кои ги собираме од наплатата на паркингот. За делот со бехатон плочки имаме поднесено барање до општина Битола, до градоначалничката, кое се надеваме дека ќе биде одбрено и ќе се реализира според утврдената динамика. 

Со бехатон плочки ќе биде поплочен паркингот во долниот дел на дворот на Клиничката болница, а сите асфалтирани површини ќе бидат одбележани со хоризонална сигнализација.

-Веднаш по доаѓањето на овој манаџерски тим на чело на Клиничка болница имавме разговор со концесионерот на паркингот, и побаравме санација на патеките за возила низ дворот, но дојде до раскин на договорот и сега откако ги завршивме сите правни и администртативни работи околу преземањето на паркингот од страна на Клиничка болница, започнавме со долгоочекувата реконтрукција на дворот, додава Лазаров.

Според директорот на Клиничката болница веќе е разговарано со ЈП “Комуналец“ за комплетно уредува на зелените површини во дворот на болницата, а според утврдените рокови за два месеци дворот на Болницата ќе има комплетно нов изглед на радост на вработените, пациентите и сите битолчани.

Сподели:

Клучни зборови: Клиничка болница Битола, Асфалтирање на уличките, Санација на дворот