Младите ротаријанци од Ротаракт клубот „Широк Сокак“ со донација во вид на постелнини, јоргани, перници, заштитници на душеци, бањарки, крпи и други текстилни материјали од висок квалитет даруваа за најмладите во Битола.
Ваквата донација тие ја наменија за одделенијата каде на свет доаѓаат бебињата, односно Гинеколошкото одделение и Одделението за неонатологија при Клиничка болница во Битола. Донацијата е во вредност од 1300 евра.
Менаџерскиот тим на Клиничката болница Битола во свое име и во име на пацинетите им се заблагодари на донаторите и изрази надеж дека соработката со Ротаракт клубот „Широк Сокак“ од Битола, предводен од претседателот Јане Велковски, ќе продолжи и понатаму. Од болницата посочуваат дека со донацијата се задоволуваат потребите од ваков тип на постелнини на двете одделенија за кои се наменети донираните материјали.