Донации

Денес во Клиничката болница во Битола “Д-р Трифун Пановски“ пристигна донација во вредност од околу 60.000 евра, а во неа има потрошен медицински материјал.

Денес во Клиничката болница во Битола “Д-р Трифун Пановски“ пристигна донација во вредност од околу 60.000 евра, а во неа има потрошен медицински материјал.

-Денес сме тука за да ја предадеме донацијата од хуманитарната организација “Класје на добрината“ од Скопје, на Клиничката болница од Битола. Донацијата се состои од медицински материјал во вредност од околу 60.000 евра. Тука дониравме различен потрошен медицински материјал, што ние пак го добивме меѓународната организација  “Глобус рилив“ од Америка, која што се работи со вакви материјали, а која донира на многу места, атеријалите се потполно нови. Чест и задоволство е што сме тука во Битола за да доставиме во име на нашата хуманитарна организација, вели менаџерот на проектот, Муарем Шкриељ, кој додава дека ова е прва ваква донација во Битола, и се надевам дека ќе има уште во текот на годината.

До реализација на оваа донација, велат од “Класје на добрината“ дека дошло по првата донација во Битола, во ОУ “Гоце Делчев“.

-Првата донација во Битола беше во ОУ “Гоце Делчев“ каде дониравме школски клупи и друг мебел, а со раководниот тим на Болницата не поврза битолскиот муфтија Амит Расими. Тој ја препорача болницата, а потоа остваривме контакти со дитректорот, неговиот помошник и главната сестра и ете по конкретните разговори, донацијата веќе е во Болницата, вело Шкриељ.

Директорот на Клиничката болница од Битола, д-р Зоран Лазаров, по добивањето на донаијата рече:

-Благодарност до организацијата која ја донира оваа донација во Болницата. Сите брзо реагиравме и за брзо и веќе е реализирана донацијата, а во денешниот ден ќе биде распоредена по одделенијата во Болницата. Се надевам дека оваа донација ќе бида само почеток на идна соработка со оваа организација.

Сподели:

Клучни зборови: Донација, Потрошен материјал од 60.000 ЕУР, Класје на добрината